Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Првачињата од ОУ „Григор Прличев“ дадоа свечено ветување

Охрид, 10. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Како и во секоја учебна година, така и оваа, првачињата од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид станаа членови на Детската организација.

Во рамките на Детската недела, во првата седмица од месец октомври, првачињата беа запознаени со Конвенцијата за правата на децата донесена од УНЕСКО.

Image may contain: 10 people, child and outdoor

Image may contain: 9 people, people sitting, child and outdoor

Учениците денес 10.10.2019 година, дадоа свечено ветување:

„Ветување“
Во овој момент
ветувам на сиот глас
дека моите наставници
ќе ги почитувам јас.

Секоја задача ќе се обидам
со леснотија да ја решам
но, ве молам простете,
ако некогаш згрешам.

Во овој момент
давам чесен детски збор
ќе се дружам со другарчињата
во училишниот двор

Image may contain: 9 people, people smiling, people standing and outdoor

Image may contain: 1 person, outdoor

Image may contain: 3 people, people smiling, people standing, child, shoes and outdoor

– Нивното зачленување беше свечено организирано со пригодна приредба, а оваа година сите ученици добија и азбуки кои беа донација од аптеките „Зегин“. Низ игра и музика, учениците се дружеа и уживаа во овој посебен ден, информираат од ОУ „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави