октомври 11, 2019

Нови Сад/Охрид, 11. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Отворени сме за оваа и за сите други иницијативи кои одат во насока да ги зајакнат постоечките форми што ја промовираат регионалната соработка и што го забрзуваат процесот на интеграција во ЕУ на сите земји од Западен Балкан, истакна македонскиот премиер Зоран Заев по трилатералниот состанок со Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, што денеска се одржа во Нови Сад, Република Србија.

– Пред нас се можностите да ги искористиме нашите заеднички потенцијали за зголемување на трговијата, протокот на производи, мобилноста на луѓе, услуги и капитал. Тоа се четирите слободи на ЕУ. Во нашиот регион мораме да ги воведеме европските принципи на соработка и функционирање. Мораме да ја донесеме Европа на Балканот во секоја од нашите земји. Тоа е составен дел од нашата домашна задача за интеграција во ЕУ. Мора да се зајакнат процесите за реализација на Регионалната економска област и да ги исполниме задачите кои сме ги поставиле за взаемно признавање на дипломи, сертификати, намалување на трговските бариери, подобрување на инфраструктурата, воведување на полесни и поефикасни царински процедури, рече премиерот Заев.

Тој одаде дека сите граѓани на регионот гледаат на Балканот на 21 век како на регион на мир, стабилност и економски развој, комплетно ориентиран и посветен на забрзување на интеграцијата во ЕУ.

Во декларацијата од средбата се поканети и останатите лидери во Западен Балкан да им се придружат на првиот нареден состанок на 10-ти ноември во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука