Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охриѓаните Hardfaced го промовираа видеото за својот прв сингл „Black Sun“

Охрид, 11. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот хардкор и метал бенд Hardfaced денес на Youtube каналот го промовираше видеото за својот прв сингл „Black Sun“ од нивниот нов албум „Dreamless Slumber At The Shores Of Youth“.

Видеото е во режија на Горан Велјаноски и Александар Цветаноски, а го снимаше и монтираше Александар Цветаноски.

Hardfaced се формирани во Охрид во 2004 година и зад себе покрај новонајавениот албум имаат издадено уште три студиски албуми: „More Than Hate“ – 2007 (Years Of Pain Records, Diehard Records), „Show Them What They Fear“ – 2011 (Diehard Records) и „Dying Lake“ – 2014 (Diehard Records). Бендот го сочинуваат: Димитар Савески, Горан Велјаноски, Јован Наумоски, Љупчо Стефаноски и Јордан Маленко. „Dreamless Slumber At The Shores Of Youth“ е во издание на Diehard records, а мастеринг и микс на албумот направи Lasse Lammert LSD studio од Германија. Албумот ќе излезе оваа есен на 30 ноември, на винил, це-де и дигитален печат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави