октомври 11, 2019

Охрид, 11. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Голем број охриѓани уште еднаш ја покажаа својата хуманост донирајќи во собирните каси на Црвен крст Охрид, на денешниот хуманитарен настан за помош на Јана кој во организација на Црвен крст Охрид и Oriflame се одржа на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“.

За возврат, дел од нив од тимот на Oriflame добија тестирање и целосна, професионална анализа на кожата со Апи апарат како и третман на лице со соодветна NOVAGE колекција, а дел се забавуваа со волонтерите на Црвен крст со добра музика и конзумирање на производите на Рондо трејд, сокови, кафе, топло чоколадо и друго. Оваа хуманитарна акција со истите содржини продолжува и утре, сабота, од 11-16 часот на Градскиот плоштад во Охрид, информираат од охридскиот Црвен крст.

Image may contain: one or more people, stripes and outdoor

Image may contain: one or more people, people standing, tree, sky, child and outdoor

Image may contain: one or more people, people standing, suit, sky and outdoor

Image may contain: one or more people, people standing, sky and outdoor

Не пропуштајте ја можноста за анализа на својата кожа на чувствителност, брчки, акни, меланин, пори и друго, но и да ги вкусите напитоците од фирмата „Рондо трејд“ и воедно ја изразите својата хуманост. Средствата собрани од оваа хуманитарна акција ќе бидат наменети за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска. Акцијата е поддржана и од ресторанот „Лихнидос“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука