ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

15 вреќи ѓубре и остатоци од педалинки собрани во акција на иницијативата „Чист Охрид“

Охрид, 12. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – 12-тина активисти собраа 15 вреќи ѓубре, габаритен отпад, како и остатоци од 2 педалинки при последната 33-та акција на „Чист Охрид“, инспирирана од иницијативата за Национална акција на #НеБидиЃубре.

– Младите луѓе по се’ изгледа заборавиле или воопшто не знаат како да се грижат за животната средина. Целиот поглед кон прекрасното Охридско Езеро беше „збогатен“ со остатоци од презервативи и влажни марамчиња, кои беа во огромен број, велат активистите.

Тие информираат дека веднаш по акцијата ги известиле и службите на ЈП „Охридски Комуналец“, а истовремено упатуваат и апел за зачувување и заштита на животната средина.

Фотографиите од акцијата можете да ги погледнете ТУКА. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Чист Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави