59-годишен охриѓанец повреден во вчерашната сообраќајка на булевар „Туристичка“
октомври 14, 2019

Охрид, 14. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – 59 годишен охриѓанец тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи вчера на булевар „Туристичка“.

Според полицискиот извештај, во 14:20 часот било пријавено дека на булевар Туристичка“, патничко моторно возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки, управувано од М.К.(38) од Струга удрило во велосипедистот Ј.А.(59) од Охрид.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот и бил пренесен во Општата болница Охрид за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Охрид. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука