октомври 15, 2019

Охрид, 15. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на мешовитата бугарско-македонска комисија за историските прашања, денес ќе одржат состанок во Охрид.

Ќе се обидат да изнајдат решение за отворените прашања. Последните состаноци на оваа комисија завршија без успех, без договор за тоа чиј бил Гоце Делчев.

Премиерот Зоран Заев вчера имаше средба со членовите на комисијата, на која беа присутни и претставници од Министерството за надворешни работи и Кабинетот на премиерот.

Разговорите, како што соопшти владината прес-служба, се во рамки на тековните консултации во однос на работата на Комисијата пред средбата со нивните бугарски колеги во Охрид.

На средбата беше истакнато дека Владата останува посветена на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, како и на негувањето на дијалогот и градење на заеднички консензус за сите прашања од делокругот на работа на Комисијата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука