Охрид, 15. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 14-ти октомври 2019 година, во 22:30 часот, на коловоз од автопатот во изградба Охрид-Кичево, во близина на охридското село Подмолје, случена е сообраќајна незгода во која 20-годишниот З.М., жител на селото, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал.
– Притоа, тој се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид, информираат од Секторот. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 34