Скопје, 15. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се подготовките за распишување 30 огласи врз основа на критериумите што е тоа што недостига како специјалистичка ординација.
Ќе бидат распишани во периодот кој следи. Дополнителна бројка согласно проценката за буџет за 2020 година ќе се одреди за следната година, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.
– Тоа што досега го чекавме со оглед на тоа што огромен број специјалистички ординации бараа да влезат во здравствената мрежа, а тоа значи дека имаат можност да работат со Фондот за здравствено осигурување беше ослободувањето на аптеките од квотите каде се направи првична проценка и се резервираа одредена сума средства за тоа каде евентуално треба да се интервенира – додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата на Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“. (Крај)
извор: Плус инфо фото: архива