Скопје/Охрид, 16. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Чинарот во Охрид, Киселичката пештера, Дабот благун во село Бели, Црната дудинка од Лесново и Карактеристичен геолошки профил – Звегор се петте нови природни реткости прогласени со решение донесено од министерот за животна средина и просторно планирање.Решението
за прогласување на Чинарот (Platanus orientalis) за природна реткост е објавено во Службен весник бр.205 од 7-ми октомври.
– Со природната реткост Чинар -Охрид управува општина Охрид. Со цел да се спречи оштетување, уништување и нагрдување на природната реткост како и извршување на други активности од страна на физички и правни лица, со кои директно или индиректно може да се загрози природната реткост, градоначалникот се грижи и презема активности за чување и одржување на природ-ната реткост Чинар -Охрид, стои во решението. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива