Охрид, 16. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Натпреварот од шестата рунда во Супер лигата што ќе се одигра вечерва од 19:00 часот меѓу РК „Охрид“ и РК „Бутел“ ќе има хуманитарен предзнак.
Имено, средствата кои ќе бидат собрани од продажба на билетите кои чинат 50 денари ќе бидат донирани во фондот за помош во лекувањето на нашата сограѓанка Јана Арсовска.
Покрај тоа, во спортската сала „Билјанини извори“, Црвениот крст ќе има поставено и кутии за донации. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 42