октомври 17, 2019

Охрид, 17. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Започнаа градежни работи за реконструкција на влезните скали во општина Охрид, а ќе се уредува и големата општинска сала.

Со ова започна имплементацијата на проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги и граѓанска вклученост“, во рамки на втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети” кој е финансиран од УНДП и Швајцарска амбасада во земјава „тежок“ 50.000 швајцарски франци.

– Проектот предвидува реконструкција на влезните скали кои водат до големата општинска сала, поставување на хидраулична лифт платформа за лица со телесен инвалидитет, опремување на салата со посебни пултови за лица од ранливите категории и простор за инвалидски колички, со цел да се овозможи полесен пристап за подобри општински услуги. Салата исто така внатрешно ќе се уреди со ново осветлување, озвучување со цел да се овозможат соодветни услови за работа, информираат од општина Охрид.

Проектот „Полесен пристап за подобри општински услуги и граѓанска вклученост“ беше избран за имплементација од страна на граѓаните преку четирите сесии на Форумот на заедници, кои беа организирани во декември минатата година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука