Охрид, 17. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Жители на населбата „Христо Узунов“ попладнево ќе излезат на протест поради самоволно поставување на базна станица на покривот на зградата ламела Бетон Б1 од страна на телеоператор.
Станарите деновиве се потпишале и на петиција против нелегитимното поставување на базната станица на место кое е опколено со станбени згради и семејни куќи.
– Овој процес е сокриен од сите нас во околните станбени згради кои сме директно изложени на електромагнетното зрачење на базната станица. Целта на протестот е да се споделат дополнителните информации во вуска со сегашните и идни активности, се вели во повикот за протест.
Жителите од оваа населба и на почетокот на месецов изразија револт од поставувањето на антена на една од зградите во комплексот. Според нив, станарите од едниот влез дале согласност за нејзино поставување, додека оние кои живеат во другиот влез воопшто не биле ни запознаени, ни прашани.
Протестот е закажан за 17:30 часот на паркингот во населбата „Христо Узунов“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес