Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Вработените во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ сѐ уште не ги добиле платите

Охрид, 15. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Жртви на неодговорното владеење и лагите на СДСМ се вработените во градинките, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Дали за градоначалникот Константин Георгиески е во ред тоа што вработените во детската градинка ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ сѐ уште не ги добиле своите плати? Власта на СДСМ да објасни зошто не е испочитуван Законот за работни односи, според кој 15 во месецот е крајниот рок да се исплати плата за претходниот месец? Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска ги оставија вработените без основната егзистенција за живот. Наместо да се фали со нeвистинити мерки за покачување на платите, министерката Царовска да одговори зошто на почеток на годината плататата на група вработени во градинките им беше намалена за околу 900 денари? Синдикатот веднаш да застане во одбрана на вработените, но исто така да реагира и за неземените плати на вработените во образованието и културата. На ваквото деструктивно владеење треба да се стави крај, граѓаните на Охрид заслужуваат подобро, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави