октомври 17, 2019

Скопје/Охрид, 17. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Ехо на минатото, крик во сегашноста“ од денеска до 19-ти октомври во „Паблик рум“ во Скопје ќе се одржи базар на ракотворби во организација на Институтот „Креативна Македонија“.

Целта на овој базар, како што соопшти тимот на „Креативна Македонија“, е да се запознаеме со нашата традиција и култура, претставена преку рачните изработки на талентираните креативци.

– Да поттикнеме интерес и љубов кај нашиот подмладок, но и сето ова да им го претставиме на странските гости и добронамерници, кои би станале најголеми промотори на нашата земја, што би придонело за промоција на културниот туризам, стои во соопштението.

Креативците во име на хуманоста донирале свои производи, кои ќе се продаваат на еден штанд, а сите собрани средства одат за лекување на Јана Арсовска од Охрид.

Помош и’ е потребна на 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, која веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука