Охрид/Ботун, 18. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти октомври 2019 година, во 10:23 часот, во СВР Охрид, од Итна медицинска помош – Охрид било пријавено дека во нива во атарот на селото Ботун, бил пронајден починат 68-годишниот Д.М.
– Телото било пронајдено без траги на насилство, а лицето боледувало од дијабетис и срцеви заболувања. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 24