Струга, 19. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради ослабениот состав на екипата на Струга денешната пресметка против Охрид нема да биде дерби како во минатата сезона. Составот на Струга е во тешка ситуација и затоа тука Охрид ќе биде фаворит и се очекува без проблеми да се избори за три бода.
Гостите се фаворити на хартија уште на два дуели.
Пролет денеска игра кај Вардар јуниор во првиот меч од денешната програма и тука се очекува да успее да се избори за бодови. Ако успее во тоа тогаш продолжува да чекори сигурно во битката за првите четири места на табелата.
Денеска за Металург ќе дебитира Зоран Кастратовиќ како тренер и тој ќе го предводи клубот во битката за бодови во Битола кај Пелистер и тука не би требало да има проблеми.
Останува пресметката меѓу Радовиш и Работнички, а на овој дуел домашните се во предност пред стартот на натпреварот. (Крај)
извор/фото: 24ракомет.мк