Охрид, 19. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 47-годишниот И.С. и 40-годишниот Г.С., двајцата од охридското село Долно Лакочереј.
– При извршен преглед во патничко моторно возило, на улицата „Абас Емин“ во Охрид, во кое биле пријавените, полициските службеници пронајдоа и одзедоа хероин, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива
Прочитано: 49