Охрид, 21. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Истече рокот кој општината им го даде на сопствениците на дивоградбите за сами да ги отстранат.
По 20-тина дена ниту една од нив не е урната, по што од денес општинските инспектори повторно ќе излезат на терен. Во рамките на акцијата на рушење започна отстранувањето на дел од платформите пред угостителски објекти на првата линија од езерото, а рок за самоуривање добија еден хотел и една куќа.
Според најавите, ќе се уриваат и дивоградбите во Националниот парк „Галичица“. Во заштитениот појас на паркот, во зоната од 50 метри од брегот на езерото има околу 29 нелегано изградени објекти. Истите не може да се легализираат и претствуваат закана за природните вредности на паркот. Сопствениците веќе поднеле барања за легализација.
Според Регистарот на дивоградби, во Охрид има 1.076 нелегално изградени објекти, од кои 409 се во заштитениот појас. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес