октомври 21, 2019

Охрид, 21. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Момче од Хонгконг на неговиот профил на Facebook објави фотографија од девојка која ја запознал во Охрид и бара начин да стапи во контакт со неа.

Станува збор за Хари од Хонгконг, кој се фотографирал во Охрид со девојката, но не успеал да дознае ништо повеќе за неа, бидејќи брзал да ја стигне групата.

Фотографијата ја објавил во група на Facebook, а во објавата која вирално се шири стои:

„Ве молам помогнете ми: барам девојка која ја запознав во Охрид.

Здраво на сите, јас сум од Хонгконг. Го посетив Охрид на 7-ми октомври. Црквите, езерото, времето – навистина е прекрасен град. Но, една случка ми остави посебна импресија од Охрид. Околу 11:30 часот, се упатив кон местото за ручек со целата група и членови од турата. Одеднаш, една девојка побара да се фотографирам со неа. Бев малку шокиран, но прифатив и ова е фотографијата. Бидејќи бев веќе оддалечен од групата, само се поздравив со неа, се заблагодарив и си отидов, без да побарам контакт. Ако ја познавате девојката од фотографијата, може ли да ме поврзете со неа? Ако не ја знаете, а ова ви е интересно, ве молам помогнете ми да се прошири објавата. Ви благодарам. Ако се случи чудо, ќе ве известам!“

извор: crnobelo.com фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука