Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Георгиески: Процесот на уривање на дивоградбите ќе биде долг

Охрид, 21. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со бројот дивоградби во Охрид и долж брегот на езерото не треба да се шпекулира оттаму што со регистарот дивоградби не може да се каже колку од тие објекти ќе добијат решенија за уривање.

Голем дел од објектите впишани во регистарот дивоградби со закон можат да бидат легализирани така што се уште не се знае колкав ќе биде бројот дивоградби што ќе ги урива општината, уште повеќе што голем дел од нив спаѓаат под ингеренција на Министерството за транспорт и врски.

– Колкав ќе биде бројот објекти што по никоја основа нема да можат да бидат легализирани ќе се знае откако ќе биде изготвена Студијата за евалуација на влијание врз животната средина. Сега треба да се направи мапирање на тие објекти, тогаш ќе го знаеме точниот број, изјави градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески на денешната средба со новинарите.

Меѓу нив има објекти изградени пред 15 години, така што процесот на уривање на дивоградбите ќе се одвива постепено, чекор по чекор. Ситуацијата дополнително ја усложнува непостапувањето на другите државни субјекти согласно регулативата и злоупотребата на правните лекови за одолговлекување на постапките. (Крај)

извор: Телма фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави