Охрид, 22. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 20-ти октомври 2019 година, околу 20:00 часот, во СВР Охрид било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физички напад извршен во угостителски објект на улица „Железничка“ во Охрид.
– 38-годишниот В.Ѓ., 35-годишниот М.Ѓ. и пет години помладиот М.Ѓ., сите од Охрид, ги нападнале 29-годишниот В.И. од Скопје и 19-годишниот Х.Р. од Охрид. Против напаѓачите СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
Прочитано: 22