октомври 22, 2019

Охрид, 22. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Алпинистички клуб „Патагонија“ и општина Охрид, во недела, на 27-ми октомври 2019 година го организираат првото промотивно издание на „Ohrid Outdoor Festival“.

Целта на фестивалот е заедничко дружење и уживање во убавините на Охрид и планината Галичица, возејќи велосипед или искачувајќи го врвот со најубав поглед кон двете езера.

– Планинарска тура започнува во недела во 08:30 часот од пред СРЦ „Билјанини извори“, со обезбеден бесплатен автобуски превоз до превојот „Баба“ и пешачење до врвот „Лако сигној“ на 1.981 метри надморска височина, а во исто време од истото место почнува велосипедска тура преку Велестово-Крстец-Асанѓура. По завршување на турите, во 14:30 часот, за учесниците и сите присутни во Охрид, ќе биде организирана забава крај брегот на езерото, кај Центарот за обука на вода, на која ќе настапи охридскиот бенд Balter. За безбедноста на учесниците ќе се грижат тимови од Планинската спасителна служба при охридскиот Црвен крст, а ќе ги водат професионални водичи во планина. Сите заинтересирани треба да поседуваат лична опрема за планина, соодветна на временските услови, а своето учество можат да го пријават на маилот [email protected], со назнака „за велосипедска или планинарска тура“, информираат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука