октомври 22, 2019

Охрид, 22. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – По повод Денот на гладта, 16-ти октомври и Неделата на борба против гладта (16-22 октомври), Основното училиште „Григор Прличев“ од Охрид заедно со учениците од подрачното училиште во Населба Рача се вклучи во кампањата на охридскиот Црвен крст.

– Веќе традиционално нашите ученици и вработени ја поддржуваат кампањата за помош на најсиромашните наши сограѓани. Учениците покрај тоа што донираа прехрамбени производи кои не се лесно расипливи, донираа и средства за хигиена. Кога станува збор за оваа Недела, иако исхраната е една од основните човекови потреби сепак недостигот од неа се уште е проблем. Голема е симболиката на дарувањето, а учениците на овој начин се поттикнуваат на хуманост и градење на вистински човечки вредности, информираат од училиштето.

Image may contain: 15 people, people smiling, people standing and indoor

Image may contain: 17 people, people smiling, people standing and indoor

Image may contain: 19 people, people smiling, people standing and people sitting

Image may contain: 19 people, people smiling, people standing

Image may contain: 5 people, people standing, wedding and outdoor

Image may contain: 1 person, smiling, standing, shoes and outdoor

Image may contain: 12 people, people smiling, people standing and outdoor

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука