Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Промоција на книгата „Македонска разгледница“ од Гоце Џуклески

Охрид, 24. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Утре во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана книгата од областа на музиката „Македонска разгледница“ од проф. д-р Гоце Џуклески.

Книгата содржи 31 мелографски записи на исто толку ора. Со промоцијата на книгата Џуклески истовремено одбележува 40 години од своето музичко творештво и присуство на естрадата.

Промотор на „Македонска разгледница“ ќе биде композиторот и хармоникаш Сашо Ливрински, а ќе бидат прочитани и делови од рецензиите на музиколозите Кирил Тодевски и Марко Коловски.

Настанот ќе се одржи во „Прличевата одаја“ на библиотеката со почеток во 19:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука