октомври 26, 2019

Охрид, 26. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ не гради по план, туку крати без план. Со хаосот кој го предизвикува СДСМ го уназадува живот на охриѓани, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Локалната власт воопшто не работи, и тогаш кога вели дека работи тоа е непосветено, неодговорно и недомаќинско работење на оваа власт предводена од СДСМ. Откако се скратија огромни средства за капитални инвестиции со претходниот ребаланс сега уште еднаш на последната седница на Советот тоа се потврди со донесувањето на одлука за ребаланс на Буџетот на општината за 2019 година, знаејќи дека тој буџетот е бесперспективен. Лажната фарса со рушење на дивоградбите и грижата за УНЕСКО излегува на виделина. Зошто не се искористени сите средства од претходниот тендер за рушење на дивоградби, а сега се отвора нов тендер и се издвојуваат дополнителни средства? Избори се ближат па затоа се скратени околу 6 милиони денари од образование, а се додаваат 2 и пол милиони денари за привремени вработувања во општина Охрид. Зошто скратените 1.600.000 денари помалку за реконструкција на објекти во основното образование, покрај пониските цени добиени на тендерите не се искористени понатаму во образованието?
Зборот за СДСМ и локалната власт лажи, тие се на прав пат, ама за во опозиција. ВМРО-ДПМНЕ со обновата ќе го запре вашиот прав пат со кој ја водите општината во пропаст, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука