октомври 27, 2019

Охрид, 27. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, утре ќе оствари работна посета на Охрид и охридскиот регион.

– Во 09:40 часот ќе ја посети Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро и сообраќајната полиција каде што ќе оствари работни средби со раководството, а потоа во 11:00 часот ќе ја посети Полициската станица за граничен надзор Свети Наум, а во рамки на посетата во 13:00 часот во општина Вевчани ќе оствари средба со градоначалникот на Вевчани, Сашо Јанкоски, по што ќе следуваат изјави за медиумите, информираат од МВР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука