Охрид, 28. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ученичката Нина Стевоска од ОУ „Григор Прличев“, заедно со ученичките Ева Коловска и Христина Чакаровска од партерските PASCH- училишта на Гете институт од Скопје, во придружба на наставничката го германски јазик Билјана Атанасовска присустуваа на детскиот самит во Нирнберг.
Меѓу другото, тие учествуваа на изградба на Скулптурата на слободата и тоа на меморијално место на фашизмот.
Скулптурата е висока 4 метри и е изградена од пластични оружја (играчки) кои младите низ целиот свет ги донираа и на тој начин симболично ја искажаа нивната желба за мир во целиот свет. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 17