Охрид, 28. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 27-ми октомври 2019 година, во 13:15 часот на крстосница oд улиците „Железничка“ и „Винковачка“ во Охрид се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица.
– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Пежо 205“, со охридски регистарски ознаки, управувано од стра на 71-годишниот Т.Г. од охридското село Долно Лакочереј, и мопед марка „Џилера ранер СП 50“, со битолски регистарски ознаки, управуван од 24-годишниот М.М. од Охрид. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобилa сопатничката на мопедот, 25-годишната М.М. од Охрид и истата била пренесена во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид за укажување на лекарска помош. Со телесни повреди се здобил мотоциклистот и бил пренесен во Општата болница во Охрид за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)
извор: МВР фото: архива