октомври 28, 2019

Охрид, 28. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Културните манифестации и творештвото за СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не се вредности за почит и грижа со кои ќе се зачува културното и духовното богатство на Охрид, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Со СДСМ и градоначалникот Георгиески правиот пат значи кратење на два и пол милиони денари за реконструкција на домовите на култура во Љубаништа, Кошишта и Радојца Новичиќ. Охрид и светот нема да видат Монографија за градот и промоција на културно историско наследство и природни убавини на Охрид. Зошто се кратат средства за издавање Монографија за црквата „Свети Јован Богослов-Канео”? Зошто нема поддршка и развој на филмската уметност преку Францускиот филмски фестивал и Балканскиот филмски фестивал? Санацијата и одржување на споменици ќе почека подобри времиња. Зошто ги кратите средствата за поддршка на литературни изданија посветени на Охрид? СДСМ крати средства за поддршка на млади и издавање научни и литературни дела за значајни охридски културни, историски и научни дејци.
СДСМ и Георгиески кратат на литературна дејност за поддршка на млади литературни автори и поддршка на литературни изданија на роднокрајните писатели. СДСМ и Георгиески не се грижат за промоција на културното наследство на Охрид и за издавачката дејност. Со СДСМ и Георгиески нема поддршка за културата, реагираат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука