Кривични за судски вештаци поради злоупотреби при проценка на објект во Лескоец
октомври 29, 2019

Охрид, 29. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 58-годишниот Ж.Л. и 39-годишната Г.А., двајцата од Скопје и против 58-годишниот А.Ш. од сeло Горна Бањица, поради постоење сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

– Во текот на 2017, соопшти денеска МВР, првопријавениот и второпријавената, вработени во Министерство за правда – Биро за судски вештачења Скопје, во својство на вешти лица и третопријавениот, во својство на надворешен соработник во Бирото за судски вештачења Скопје, при постапување по наредба за супервештачење на градба во село Лескоец, охридско, издадена од Основниот суд Охрид, неосновано донеле заклучок дека не можат да се констатираат пенали за непочитување на договорот за градба од фирмата изведувач, иако градежниот дневник на фирмата не бил воден исправно и секојдневно, при што се повикувале на надзорниот орган од Струга. Како резултат на наведените дејствија, инвеститорот го изгубил правото за надомест на штета, со што бил оштетен за износ од 448.500 денари, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука