ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Обука за еколошка правда во Охрид

Охрид, 29. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од денес до четврток, Охрид ќе биде домаќин на обука на тема „Еколошка правда“, која ќе се одржи во рамките на проектот „Еднаков пристап за ефективна правда“.

Предавачи се д-р Чаба Киш, експерт од Унгарија за прашања поврзани со пристап до еколошка правда и владеење на еколошкото право и докторанд Евгенија Крстевска – адвокат, која се залага за прашања поврзани со уставно загарантираното право за чиста и здрава животна средина, јави МИА.

– Пристапот до правда за прашања поврзани со животната средина претставува еден од основните столбови на Архуската конвенција. Овој столб е од клучно значење за заштита на правото за здрава животна средина кое е уставно загарантирано право за сите граѓани, во чиешто остварување се вклучени голем број чинители. Почнувајќи од надлежните инспекторати, јавните обвинители, народниот правобранител, судовите, властите, како и граѓанските организации, велат организаторите.

Нагласуваат дека е потребна континуирана едукација на теми поврзани со еколошката правда, имајќи предвид дека бројот на пресуди поврзани со еколошките прашања е минимален, во однос на секојдневното загрозување на животната средина.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: МИА фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави