Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Естетски уреден училишниот простор во ОУ „Живко Чинго“

Охрид, 30. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти повторно се погрижија да го разубават просторот во кој се школуваат.

Членовите на ликовната секција под менторство на нивниот ликовен педагог Жанета Стаиќ Митрески постојано работат на естетското уредување на училишниот простор, правејќи го нивното училиште поубаво место за сите деца и вработени. Со сликање никогаш доста, порачуваат тие.

Ова училште годинава одбележа 143 години од своето постоење. Низ годините, од ова училиште излегле околу 22.500 ученици, од кои голем дел го продолжиле своето образование, а голем е бројот и на оние кои се стекнале со докторски титули. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави