Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Општина Дебрца доби донација од Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016”

Дебрца, 1. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески и проектниот координатор на Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016″ Охрид, Ѓоко Зороски потпишаа договорот за донација, со кој на општина Дебрца на трајно владение и се предадени туристичка инфраструктура и промотивни материјали за Белчишкото блато „Сини Вирој”.

Општината во свое владение ќе ги има објектот „Набљудувачница”, поставен во м.в. „Ветерник”, објектите „Видиковец” и „Сини Вирој”, пет објекти „Информативен знак”, поставени во „Ветерник”, „Чавлиева Краста”,„село“ во Белчишта (два ) и м.в.„село”, Ново Село, потоа брендирана автобуска постојкасо едукативни постери за Белчишкото блато, во центарот на село Белчишта, 0 парчиња грбни прскалки за гаcнење пожар, маици со логото на Белчишкото Блато и разгледници со мотиви од блатото.

Целта на донацијата е остварување, унапредување,промоција и поддршка на активностите на проектот „Подобрување на управувањето и одржливо користење на Белчишкото Блато ( Сини Вирој )”, кој го спроведува здружението „Екотуризам 2016“ и канцеларијата на UNDP, Скопје и е дел од проектот “Подобрување на управувањето со заштитените подрачја”, финансиран од ЕУ, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во рамките на Проектот извршен е биолошки мониторинг на најважни растителни и животински видови и живеалиштето евлова шума во подрачјето на Белчишко блато, а направени се истражувања за валоризација на екосистемските услуги од блатото, како и истражување за социо-економското значење на блатото.

Снимен е документарен филм за промоција на овој биолошки и хидролошки важен локалитет и изработена е веб страница за блатото www.belciskoblato.mk .

Во идниот период со сите засегнати чинители ќе работиме за прогласување на блатото за заштитено подрачје на национално ниво, а блатото е веќе идентификувано како идно европско заштитено подрачје во рамките на мрежата НАТУРА 2000. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави