Имено, откако минатата година со Филозофскиот факултет Скопје спроведовме истражување на десет најзначајни археолошки локалитети во Дебрца, оваа година продолживме со истражувањата на најзначајниот археолошки локалитет, Требенишкото Кале.
Вчера градоначалникот Зоран Ногачески ги прими проф.др.Виктор Лилчиќ Адамсен и неговиот тим, кои го информираа за сознанијата од нивната работа на терен.
Според нив, сознанијата од истражувањата илустрираат околу 1800 години живот во континуитет и ако се додаде архајскиот период, или како што вели почитуваниот професор Лилчиќ “периодот на господарите со златните маски”, тогаш имаме 2200 години континуитет на овој древен град, распослан на околу 5 хектари.
По завршувањето на истражувањата на терен ќе се изработи завршен извештај со фото и техничка документација, а кој ќе биде претставен и пред пошироката јавност.
Средствата за реализација на овој проект, во износ од 100.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2019 година.
– А мојот “сон”, кој се надевам дека за бргу ќе биде јаве е Требеништа да биде културната престолнина на општина Дебрца, со Културен Изложбен Центар, во кој ќе биде претставено не само археолошкото наследство од Требенишкото Кале и Требенишката некропола, туку и целокупното археолошко наследство на Дебрца, изјави градоначалникот Ногачески по средбата.
На тоа силно обврзуваат и „100-те години Требеништа”. (Крај)
извор: Општина Дебрца фото: Општина Дебрца