Охрид, 2. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – По поразот од Лабуништа во 1/8 финалето од Купот на Македонија, фудбалерите на Охрид Лихнидос викендов ги продолжуваат натпреварите во Втората лига – Запад.
Во рамки на 11-то коло денеска му гостуваат на тимот на Гостивар. Почетокот на натпреварот е во 13:30 часот.
ГФК Охрид Лихнидос е последен на табелата со 7 бодови. Зад себе имаат две победи, едно реми и седум порази. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 37