Охрид, 2. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари викендов им се враќаат на натпреварите во Супер лигата.
Во рамки на осмото суперлигашко коло денеска гостуваат во скопска Автокоманда, кај лидерот на табелата Металург.
Почетокот на натпреварот е во 18:00 часот. „Гладијаторите“ се на втората позиција на табелата со 19 бодови и се само бод заостанување зад Металург и исто толку предност пред Тинекс Пролет. Зад себе имаат шест победи и еден пораз. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 33