Охрид, 3. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Стартуваше пријавувањето за атлетската манифестација „Охрид трчат“, кое е возможно само online, на страната www.ohridtrcat.mk.
– Четвртото издание ќе сe разликува по новата и побогата програма, особено по делницата од 21 километар или полумаратонот, што ќе претставува дополнителен предизвик за учесниците. На програмата останува рекреативната пет километарска трка која е дел од главниот настан, како и детската, училишната и ноќната трка. Експото на кое се подигнуваат стартните пакети ќе трае два дена (петок и сабота). Цената на стартните пакети за полумаратонот и рекреативната трка ќе бидат во три интервали. За полумаратонот првата цена е 1.000 денари а за трката на 5 километри изнесува 400 денари, информираат организаторите.
Следната година, „Охрид трчат“ ќе се одржи викендот на 5-ти, 6-ти и 7-ми јуни. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива