Охрид, 4. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) -До 8-ми ноември Охрид е домаќин на НАТО конференција од областа на сајбер безбедноста.Насловена е „Кон ефективна компјутерска одбрана во согласност со правилата на законот“. Ќе учествуваат врвни експерти од оваа област од земјава и странство, а ќе говорат за предизвиците во сајбер безбедноста, сајбер криминалoт, напади и шпиунажа, опасностите по општата и безбедноста на државите од употребата на новите технологии, како и за опасностите од сајбер-тероризам.
Меѓународната конференција е во организација на НАТО и Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 38