Избор ТОП ВЕСТИ Хроника

Физичка пресметка помеѓу две лица во Охрид

Охрид, 5. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти ноември 2019 година, во 12:30 часот, во СВР Охрид, пријавено e дека на пресекот на улиците „1-ви Мај“ со „Трајче Дојчиноски“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две лица.

– Инцидентот се случил помеѓу 63-годишниот Л.Ш. и 59-годишниот Н.Б., двајцата од Охрид. Против нив, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави