Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Изработена База со над 8.000 познати ретки болести

Скопје/Охрид, 6. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – По две години напорна работа, српското Здружение „Живот“ и македонското „Живот со предизвици“ изработија База на ретки болести.

Станува збор за единствен каталог со повеќе од 8.000 познати ретки болести, кој првенствено е наменет за здравствените работници на овие простори. Податоците за болестите од ден во ден се внесуваат и во базата на податоци на адресата www.retkebolesti.com на српски јазик, а наскоро ќе бидат достапни и на македонски јазик.

– Полека, полека чекор напред кон објава на информации за ретки болести на македонски јазик. За сега почетни информации на српски… Наскоро и на македонски јазик. Многу сме среќни што се вклучивме во овој проект и што конечно доста информации ќе бидат достапни. Страната е во изработка. Ако забележите грешки, ако имате понови информации и други идеи… Тука сме да подобруваме и напредуваме. Само напред за подобар квалитет на живот на лицата со ретки болести и нивните семејства. Заслужуваме да не бидеме на маргините туку активни граѓани во нашето општество, напиша на својот профил на Facebook Весна Алексовска од Здружението „Живот со предизвици“.

Image may contain: screen, laptop and text

Ова Здружение периодов наназад е исклучително активно во јавноста и напорно работи на зголемување на видливоста, менување на законските регулативи и подобрување на условите за живот на лицата со ретки болести. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави