Охрид, 7. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Детската градинка „Јасна Ристеска“ денес одбележува 56 години од своето постоење, а воедно и патрониот празник.
Во изминативе години во претшколската установа биле згрижени и израснале голем број деца.
По повод патронатот, вечерва од 18:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи свечена приредба под мотото „Музичко патување со јунаците од цртаните филмови“.
Инаку, младата партизанка Јасна Ристеска, чие име го носи градинката пред 75 години била меѓу борците кои се бореле и ги положиле своите животи за слободен Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 60