ноември 7, 2019

Охрид, 7. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на чествувањата посветени на 7-ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, градоначалникот Константин Георгиески положи свежо цвеќе пред спомен обележјата на борците во Спомен паркот на револуцијата, а присуствуваше и на историскиот час за значењето на 7-ми ноември.

Делегации од општина Охрид, од Сојузот на борци и останати претставници на политичкиот и јавниот живот од градов положија цвеќе и пред Спомен обележјето на Јасна Ристеска во село Рамне каде се одржа панихида и културно- уметничка програма.

Свежо цвеќе беше положено и пред спомен обележјата од НОБ кај Градски гробишта, Градски парк, Основен суд, двор на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“.

По завршување на свечените церемонии градоначалникот Константин Георгиески во својот кабинет прими делегација од Сојузот на борци. Тој им посака добро здравје и им се заблагодари за доприносот што тие го дале во досегашниот развој на Охрид. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука