Охрид, 7. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, со бројни манифестации ќе ја одбележат годишнината од формирањето на Првата Македонска Народно ослободителна бригада (МКНОУПБ).
По повод 76 годишнината од формирањето во 1943 година во селото Сливово и Патронатот на ОУ „Дебрца“, во понеделник, на 11-ти ноември се предвидени бројни свечености.
Програмата предвидува положување на свежо цвеќе во селото Сливово со почеток во 11:00 часот, по што за борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата ќе зборува Наце Иваноски, професор по историја.
Предвидена е и посета на Спомен домот, по што во 11:30 часот ќе се положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот во селото Белчишта и на бистата на Трајче Дојчиноски. Ќе следува посета на ликовната изложба во ОУ „Дебрца“ во селото Белчишта, по што во 12:00 часот ќе започне свечената програма по повод Патрониот празник на ОУ „Дебрца“ во селото Белчишта. (Крај)
извор: ОхрдПрес фото: архива