ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Георгиевски: Долгот на општина Охрид е намален на 380 милиони денари

Охрид, 10. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охрид се соочува со проблеми напластувани деценија наназад, кои оставија блокирана сметка и долг од милијарда и 600 милиони денари, но со владината помош очекуваме општината наскоро да стане солвентна, истакна градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски на трибината на СДСМ, која под мотото „На прав пат“ се одржа во Охрид.

Тој пред насобраните граѓани порача дека долгот на општина Охрид, кој 12 години само растеше сега е намален на 380 милиони денари.

– Со делбениот биланс на претпријатието „Проаква“, јавното државно претпријатие „Колекторски систем“, го презеде долгот и очекуваме општината конечно да биде одблокирана напролет 2020, истакна Георгиевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: СДСМ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави