Охрид, 11. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца и локалната самоуправа на општина Дебрца, со бројни манифестации ќе ја одбележат годишнината од формирањето на Првата Македонска Народно ослободителна бригада (МКНОУПБ).
По повод 76 годишнината од формирањето во 1943 година во селото Сливово и Патронатот на ОУ „Дебрца“, за денес се предвидени бројни свечености.
Програмата започна со положување на свежо цвеќе во селото Сливово, по што за борбениот пат на бригадата и нејзиното значење за конечното ослободување на земјата зборуваше Наце Иваноски, професор по историја.
Предвидена е и посета на Спомен домот, по се положи свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци од НОБ и жртви на фашизмот во селото Белчишта и на бистата на Трајче Дојчиноски. Следуваше посета на ликовната изложба во ОУ „Дебрца“ во селото Белчишта, по што се одржа свечената програма по повод Патрониот празник на ОУ „Дебрца“ во селото Белчишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива