Охрид, 11. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од шестите и деветите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, денес имаа можност да го проследат предавања кои беа организирани од страна на доктори од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ).
– Учениците од шестите одделенија го проследија предавањето на тема „Пубертет – здрав раст и развој“, кое го реализира д-р Даниела Чингоска, додека предавањето за деветтите одделенија на тема „Превенција од сексуално преносливи болести“ го реализира д-р Јованка Стурлакова Коровешоска. Предавањата беа од едукативен карактер, предавачите имаа добра интеракција со учениците и одговараа на бројните прашања кои ги поставија учениците, информираат од ОУ „Григор Прличев“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22