Охрид, 12. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од ветерот „летаат“ саксии од станбените згради.
Силниот ветер што претпладнево го зафати Охрид ги одвеа саксиите со цвеќиња поставени на балконите од неколку станбени згради низ Охрид.
Случајните минувачи се исплашени дека кога поминуваат лесно може да бидат повредени.
Честа е сликата по балконите да се оставаат саксии со цвеќиња кои не се соодветно обездени и при ваков силен ветар да паднат врз некој од случајните минувачи. Граѓаните коментираат дека подобро е истите да бидат отстрането како би се спречил немил настан.
Инаку според метеоролозите дува повремено засилен југоисточен ветер, кој може да достигне брзина и од над 60 км/час). (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 36