Охрид, 14. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во ВИА Фарм Аптеката на улицата „7-ми Ноември“ ќе се одржи едукативна средба на болницата „Деница“ и ВИА Фарм аптеките за влијанието на дијабетесот врз очното здравје.
– Средбата ќе се одржи во ВИА Фарм Аптеката на улицата „7-ми Ноември“ (наспроти ОУ „Братство Единство“ – Крст џамија, Охрид). По повод светскиот ден на дијабетот, д-р Сашо Ѓорѓиоски, офталмолог хирург од „Деница“ – Специјална очна болница, ќе одржи презентација проследена со совети за влијанието на дијабетесот врз очното здравје. Бесплатно мерење шеќер во крвта со д-р Лиљана Ангелеска спец. по интерна медицина, субспецијалист по ендокринологија, од Центар за дијабетес – Охрид, информираат од ВИА Фарм Аптеката. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива