Избор Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Мицкоски: Неработењето и неспособноста на власта предводена од СДСМ мора да се промени

Охрид, 16. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес од Охрид обвини дека власта се расфрла со парите на граѓаните.

Лажни се тврдењата дека се зголемуваат платите во образованието, вели Мицкоски. Лидерот на опозицијата вели власта дека власта води хајка против него и ВМРО-ДПМНЕ потврди и Антикорупциска отфрлајќи ја пријавата против него.

– ДКСК јасно кажа дека било измислица неточна, биле обични лаги, клевети и обид да се засени лидерот на опозицијата, ама со него ќе го засениме и најдобриот кандидат што некогаш се појавил на претседателските избори, проф. Гордана Силјановска Давкова, а со тоа ќе го засениме и ВМРО-ДПМНЕ. Епа не може. Вистината порано или подоцна излегува на виделина. А вистината излезе вчера и токму од неговата антикорупциска комисија. 7:0 едногласно рекоа дека тука има само креација и лаги, дека тука нема ништо вистинито, напомена Мицкоски.

Тој додаде дека Охрид и охриѓани се за концептот за „Обнова на Македонија“ и дека тие учествуваат со свои идеи, сугестии и предлози за креирање решенија и програми.

– Неправдата мора да престане, неработењето и неспособноста на власта предводена од СДСМ мора да се промени. Нашите деца заслужуваат подобра иднина. Граѓаните бараат промени, затоа што знаат дека вака повеќе не оди. Поразите ќе завршат на 12-ти април кога ќе победи обновата. Охрид и Македонија можат и умеат подобро, тоа го заслужува нашиот народ, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави